Продолжуваат судирите во Египет

Повредени демонстранти на плоштадот Тахрир во Каиро.

Продолжуваат судирите меѓу полицијата и демонстрантите на плоштадот Тахрир во центарот на Каиро. Претставникот за човекови права на ОН побара истрага за смртта на досега убиените демонстранти.

Илјадници луѓе остануваат на плоштадот и покрај понудите од армијата да се забрза процесот, власта да ја преземе цивилна администрација. Во телевизиското обраќање, фелдмаршалот Хусеин Тантави кој е шеф на Воениот совет што владее во Египет по соборувањето на диктаторот Хосни Мубарак во февруари годинава, понуди изборите за претседател да се одржат во првата половина од идната година. Претходно, Воениот совет планираше да остане на власт до 2013 година. Демонстрантите собрани на каирскиот плоштад Тахрир, пак, бараат од воените власти да си заминат веднаш.