Ирански пратеници бараат протерување на британскиот амбасадор

Илустрација: Пратеници во иранскиот парламент.

Ирански пратеници поднесоа предлог-закон со кој се повикува Министерството за надворешни работи да го протера британскиот амбасадор во Техеран, откако Велика Британија воведе нови санкции кон Иран поради спорната нуклеарна програма. Парламентот треба да гласа за овој предлог-закон в недела. Ако пратениците го изгласаат, дипломатските односи ќе спаднат на ниво на вршители на должности.

Велика Британија, во координација со САД и со Канада, оваа недела воведе нови финансиски санкции кон Иран, според што на сите британски финансиски и кредитни институции им се наложува да ги прекинат сите трансакции со иранските банки, вклучително и со Иранската централна банка.