Хамарберг: Неконструктивни закани враќање на визите

Kомесарот за човекови права на Советот на Европа, Томас Хамарберг.

Притисоците од ЕУ врз земјите од Балканот да го прекршат фундаменталното право на своите граѓани да ја напуштат земјата се неконструктивни, смета комесарот за човекови права на Советот на Европа, Томас Хамарберг, пренесува Дојче веле.

Хамарберг го критикува рестриктивниот однос кон барателите на азил, иако државите имаат легитимни овластувања за да ја регулираат имиграцијата. Правото на секоја личност да ја напушти својата земја е воспоставено фундаментално право, гарантирано со Универзалната декларација за човековите права, Европската конвенција за човекови права и во уставите на балканските држави, потсетува комесарот за човекови права.