Воспоставен контакт со изгубената руска сонда

Сондата Фобос-Грант пред лансирањето.

Изгубената руска сонда што одеше кон месечината на Марс, Фобос, ги даде „првите знаци на живот“. Европската вселенска агенција соопшти дека контролните станици во западна Австралија воспоставиле контакт со леталото Фобос-Грант доцна синоќа.

Сондата беше успешно лансирана на 8 ноември, но контролата изгуби радио контакт со леталото неколку часа подоцна. Од тогаш сондата кружи во орбитата на Земјата, а руската вселенска агенција призна дека мисијата може да пропадне. Мисијата на сондата е да донесе примероци од почвата на Фобос.

На 10 ноември, Русија побара помош од американската и од европската вселенска агенција за следење на сондата.