Меркел: помошта за Грција само со писмена обврска

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека Грција може да ја добие следната рата од помошта само доколку сите партии кои ја поддржуваат новата влада во Атина, написмено ги прифатат условите на новиот пакет за помош. На Грција и е потребна ратата од 8 милијарди од пакетот, договорен во мај 2010, за да може да ги исплати обврските спрема меѓународните инвеститори. Меркел во Бундестагот изјави дека Грција се упте не ги исполнила предусловите за следната рата.