Соработка во железничкиот превоз меѓу Македонија и Русија

Во Москва денеска ќе биде потпишана спогодба за соработка во областа на железничкиот превоз на патници и стоки меѓу Македонија и Русија. Со спогодбата ќе се овозможи поедноставување на граничните, царинските и другите формалности поврзани со превозот на патници и стоки. Предвидено е надлежните органи и организации кои ќе го извршуваат железничкиот сообраќај да склучуваат дополнителни договори за регулирање на прашањата околу технологиите за организирање и остварување на превозот на патници и стоки. Од македонска страна договорот ќе го потпише министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, а од руска, неговиот колега Иван Левитин.