Груевски се сретна со министерот за европски прашања на Баварија

Македонскиот премиер Никола Груевски и министерот за европски прашања на германската сојузна држава Баварија Емилија Милер при средбата во Минхен

Македонија и Германија имаат добри пријателски односи, изјавија по вчерашната средба во Минхен македонскиот премиер Никола Груевски и министерот за европски прашања на германската сојузна држава Баварија Емилија Милер.
Тие разговарале за продлабочување на на економските односи, трговската размена и инвестициите, како и за соработка во евроинтегративниот процес на Македонија. Денеска во Минхен ќе се одржи и бизнис форум на македонски и германски компании.