Србија и Косово си ги признаа универзитетските дипломи

Шефовите на преговарачките тимови на Приштина и на Белград, Едита Тахири и Борислав Стефановиќ во Брисел.

Европската унија соопшти дека Србија и Косово постигнале договор за меѓусебно признавање на универзитетските дипломи и оти е постигнат напредок во однос на вклучувањето на Косово во регионални форуми.

Сепак, на разговорите што се одржуваат во Брисел не се разговарало за царинскиот спор што ги предизвика меѓуетничките насилства на северот на Косово во кои загина еден полицаец, а повеќе од 10 луѓе беа повредени.

Дијалогот меѓу Белград и Приштина со посредство на ЕУ беше прекинат во септември, токму поради царинскиот спор. ЕУ ги наметна разговорите со Приштина како клучен услов за продолжување на евроинтеграциите на Србија. Наредната рунда разговори е закажана за 30 ноември.