Британија сепак ќе истражува наводни мачења врз ирачки цивили

Британски војници во Ирак.

Британскиот суд денеска одлучи во корист на групата од повеќе од 100 ирачки цивили кои бараат нова јавна истрага за обвинувањата за тортура против британските војници. Судиите од Апелациониот суд во Лондон ја поништија одлуката на понискиот суд, кој ја поддржа одлуката на владата да одбие да спроведе истрага за тврдењата дека имало тортура во притворните центри контролирани од Британија по инвазијата во Ирак во 2003 година. Апелациониот суд му нареди на Министерството за одбрана да ја преиспита одлуката. Министерството соопшти дека ќе ја разгледа пресудата „многу внимателно“.