Пакистанскиот амбасадор во САД поднесе оставка

Пакистанската министерка за надворешни работи Хина Рабани Кар.

Пакистанскиот амбасадор во САД Хусеин Хагани соопшти дека поднел оставка, по шпекулациите дека барал американска помош за контрола врз моќната пакистанска армија. Тој негира негова вмешаност во случајот. Хагани беше повикан на консултации во Исламабад, откако Фајненшл тајмс ја објави информацијата за барање американска помош за зауздување на армијата. Пакистанскoтo министерство за надворешни работи оцени дека текстот е „целосна измислица“.