На синот на Гадафи може да му се суди во Либија

Сеиф ал-Ислам Гадафи по апсењето.

На синот на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, Сеиф ал-Ислам може да му се суди во Либија, изјави главниот обвинител на Меѓународниот трубунал во Хаг, Луис Морено-Окампо во Триполи. Во Либија, Сеиф ал-Ислам се соочува со смртна казна.

Либискиот преоден совет соопшти дека сака на уапсениот да му се суди во земјата, а не во Хаг. Морено-Окампо изјави дека Трибуналот е подготвен да им помогне на либиските власти со обвинението.

Хашкиот суд летоска издаде потерница по синот на Гадафи за злосторства против човештвото за време на војната во Либија.