Египетските воени власти ќе и се обратат на нацијата

Демонстранти бегаат од солзавец во Каиро.

Шефот на египетскиот владејачки воен совет, фелдмаршал Хусеин Тантави денеска ќе и се обрати на нацијата. Најавата за телевизиско обраќање доаѓа по протестите со барање воените власти што поскоро да ја предадат власта на цивилната администрација.

Државната телевизија објави дека Врховниот совет на вооружените сили ги почнал разговорите со политичките партии во обид да се смири кризата.

Официјални протеставници соопштија дека најмалку 24 луѓе се убиени, а повеќе од 1.200 се повредени во неколкудневните судири во Египет.

Цивилната влада вчера понуди оставка, но таа не беше веднаш прифатена од воениот совет.