Ердоган повторно го повика ал-Асад да се повлече

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган го повтори повикот до сирискиот лидер Башар ал-Асад да се повлече од функцијата и да престане со насилството против демонстрантите. Повикот на Ердоган доаѓа пред гласањето за нацрт-резолуцијата на ОН во која се осудува задушувањето на осуммесечните протести во Сирија од страна на режимот на претседателот ал-Асад. Се очекува денеска резолуцијата да биде одобрена од Комитетот за човекови права на ОН по што следува гласањето во Генералното собрание во декември.