Хашкиот суд и Либија во конфликт кој да му суди на синот на Гадафи

Сеиф ал-Ислам, син на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, по апсењето.

Главниот обвинител на Меѓународниот суд за воени злосторства во Хаг, Луис Морено-Окампо пристигна во Триполи на разговори со либиските власти, по апсењето на синот на убиениот либиски лидер Моамер Гадафи, Сеиф ал-Ислам, и на поранешниот шеф на безбедносните сили Абдула ал-Сенуси. Либискиот преоден совет соопшти дека сака на уапсените да им се суди во земјата, а не во Хаг. Тоа може да доведе до спор со Меѓународниот трибунал, затоа што Хашкиот суд летоска издаде потерници по двајцата уапсени за злосторства против човештвото за време на војната во Либија. Морено-Окампо пред пристигнувањето во Триполи изјави дека двајцата уапсени треба да се „соочат со правдата“.