Амнести: воените власти во Египет ги кршат човековите права

Организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешнел соопшти дека египетските воени власти целосно потфрлиле во исполнувањето на ветувањата дека ќе ги штитат човековите права. Амнести го обвинува египетскиот Воен совет на оружените сили дека ја усвоил тиранската тактика која ја користел и режимот на соборениот претседател Хосни Мубарак, во што спаѓа, како што се наведува, напаѓање на неистомислениците, забрана за критикување на власта во медиумите и мачење на демонстрантите.