Јеменскиот претседател се согласил да ја напушти власта

Али Абдулах Салех

Претседателот на Јемен Али Абдулах Салех се согласил да потпише спогодба која подразбира негово заминување од власта, со што треба да заврши кризата во која се наоѓа оваа земја од јануари годинава. Претставник на опозицијата изјави дека тридневните преговори кои се воделе на иницијатива на неколку заливски земји довеле до договор, кој треба да биде потпишан денеска.
Планот на заливските држави го повикува Салех да му ја предаде власта на својот заменик и на тој начин да го заврши 33-годишното владеење, а во замена да не биде судски гонет. Салех треба да ја понуди оставката во рок од 30 дена, а два месеца потоа треба да бидат одржани претседателски избори.