Времето облачно со слаб дожд попладне

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, кон крајот на денот со слаб локален дожд, особено во западните делови. Утринската температура се движи од минус девет до нула, а дневната ќе биде од шест до 13 степени.
Во Скопје и околината слично време, со утринска температура до минус шест и дневна до осум степени.