Попоски со писмо бара датум за преговори во декември

Министерот за надворешни работи Никола Попоски.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски испратил писмо до неговите европски колеги во кое бара Македонија во декември конечно да добие датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија, а проблемот со името да се решава паралелно. На прашањето дали таквата идеја дали може да се реализира во пракса, Попоски одговори дека тоа зависи од 27-те земји-членки кои седат во Советот на ЕУ.