Сараево и Бања Лука со различни оценки за Дејтонскиот Договор

Денот на потпишувањето на Дејтонскиот Договор, 21-ви Ноември, во федерацијата Босна и Херцеговина е обичен работен ден, додека во Република Српска е државен празник. 16 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор, во Босна и Херцеговина сеуште не е усвоен законот за државни празници, туку тие се дефинираат со ентитетски закони. Претседателот на Република Српска, Милорад Додик оцени дека Дејтонскиот Договор е еден од најуспешните во поновата политичка историја.