Насилствата во Сирија продолжуваат

Безбедносните сили на Сирија денеска во провинцијата Хомс убиле три лица, соопштија активисти за човекови права. Властите во Сирија продолжуваат со репресијата врз анти-владините демонстранти и покрај меѓународните повици за запирање на насилствата. Арапската Лига за во четврток закажа нов вонреден министерски состанок на кој ќе биде разгледан предлогот за испраќање нивни посматрачи во таа земја. Арапската Лига во минатата недела ја суспендира Сирија од членството и даде рок од три дена да запре насилството врз демонстрантите, но сиријските власти го игнорираа.