Демонстрантите не го напуштаат плоштадот во Каиро

На централниот плоштад во Каиро и денеска продолжуваат протестите со кои се бара побрза транзиција на власта во Египет, но судирите на демонстрантите со полицијата. Демонстрантите останаа на плоштадот Тахрир и покрај интервенцијата на безбедносните сили во кои, за време на изминатиот викенд, загинале 20 луѓе, а над 1700 биле повредени..

Европската Унија го осуди насилството во Каиро и побара од властите да го запрат и да обезбедат демократска транзиција. Вчера, стотици војници и полицајци со употреба на гумени куршуми и солзавец ги растеруваа демонстрантите кои ги обвинуваат привремените воени лидери дека се обидуваат да останат на власт.

Парламентарните избори во Египет се закажани за 28-ми овој месец, а привремената влада тврди дека и покрај актуелните нереди, изборите ќе се одржат како што е планирано.