Во Камбоџа судење против лидери на Црвените Кмери

Камбоџанскиот суд за воени злосторства денеска го започна процесот против тројца преживеани лидери на Црвените Кмери, по повеќе од 3 децении од завршувањето на Маоистичкиот репресивен режим. Обвинетите се товарат за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото. За време на режимот на Црвените Кмери во Камбоџа од 1975 до 1979-та година, се верува дека биле убиени една третина од 1,7 милиони жители на земјата.