14 загинати во експлозија во фабрика во Кина

Илустрација.

Четиринаесет работници загинаа, а петмина се повредени во експлозија во хемиска фабрика во источна Кина. Кинеските медиуми објавија дека загинатите работници работеле на одржување и поправка во постројката за производство на меламин. Според извештаите, немало испуштање на отровни или штетни супстанци. Се испитуваат причините за експлозијата.