Поранешната филипинска претседателка се соочува со доживотен затвор

Поранешната филипинска претседателка Глориа Макапагал Аројо.

Адвокатите на поранешната филипинска претседателка Глориа Макапагал Аројо најавија дека ќе го оспорат нејзиното апсење и обвинувањата за изборна измама. Аројо беше уапсена во една приватна болница во Манила во петокот, неколку часа откако Изборната комисија поднесе тужба против неа. Таа се соочува со доживотен затвор, а според обвинението, не е дозволено да се брани од слобода.