Нападнато седиштето на владејачката партија во Дамаск

Архивска фотографија: Седиштето на владејачката Баат партија во Дамаск.

Најмалку две рекетни гранати го погодиле објектот на владејачката Баат партија во главниот град на Сирија, Дамаск, информираат очевидци и активисти. Ако оваа информација биде потврдена, тоа ќе биде прв ваков напад во Дамаск од почнувањето на немирите во Сирија во март. Во меѓувреме, сирискиот претседател Башар Ал Асад, во интервју за британскиот весник Сандеј Тајмс, изјави дека е дефинитивно подготвен за се бори и да умре за Сирија ако се соочи со странска воена интервенција.