Судир на полицијата и демонстрантите во Каиро

Протести во Каиро

Полицијата и демонстрантите повторно се судрија денеска во Каиро. Илјадниците полицајци се обиделе да ги спречат учесниците на протестот да постават шатори на главниот плоштад во градот.
Демонстраните се собрале во центарот на главниот град да им одадат почит на жртвите кои се побунија против поранешниот претседател Хосни Мубарак и да изразат протест поради зголемената улога на војската во постреволуцинерниот период.
За време на инцидентот полицијата и демонстрантите се гаѓале со камења, а запалено е и едно полициско возило. Полицијата употребила и гумени кушуми и солзавец за да се справи со демонстрантите.

Денешните случувања доаѓаат само 9 дена пред одржувањето на парламентарните избори. Првите избори од соборувањето на Мубарак, се закажани за 28 ноември.