Кадри Кастрати - нов шеф на Генералштабот на Косово

Припадници на косовските безбедносни сили.

Нов шеф на Генералштабот на безбедносните сили на Косово, кои во иднина треба да се транформираат во армија на Косово, ќе биде генерал мајор Кадри Кастрати.

Како што јави дописникот на МИА, тој доаѓа на местото на Сулејман Селими, кој се подготвува да замине за амбасадор на Косово во Албанија. Според косовските медиуми, Кастрати има голема подршка и од меѓународните претставници.

Претседателката Атифете Јахјага, која е врховен командат на косовските безбедносни сили, ќе го именува Кастрати на 22 ноември.

Кастрати е директор на Управата за операции на безбедносните сили и е дел од кадарот кој се школувал и обучувал во САД и во западноевропски воени академии.