Сирија се уште без одговор за планот на Арапската лига

Претставници на Сирија соопштија дека властите во Дамаск се уште ги проучуваат деталите од планот што пред три дена им го достави Арапската лига која претходно го суспендираше сиријското членство од Лигата. Од друга страна, агенцијата Асошиетед прес објави дека Дамаск начелно се согласил арапски набљудувачи да влезат во Сирија за да го следат спроведувањето на планот. Во меѓувреме, портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер изјави дека Вашингтон верува оти повлекувањето на претседателот Башар ал Асад ќе овозможи демократска транзиција во земјата. Во насилното задушување на протестите против режимот само вчера безбедносните сили убиле десетина луѓе.