Меѓународната заедница против Иран

Том Донилон

Белата куќа денеска соопшти дека Иран се соочува со изолација без преседан со оглед на тоа што светските сили се обединети во нивното противење Техеран да дојде до нуклеарно оружје. Советникот за национална безбедност Том Донилон изјави дека Русија, Кина и Соединетите држави имаат иста цел а тоа е да не му дозволат на Техеран да развие програма за нуклеарно оружје. Претседателот Барак Обама за време на самитот во Хаваи, разговарал за ова со лидерите на Кина и на Русија.