Состанок меѓу Обама и Џиабао

Американскиот претседател Барак Обама и кинескиот премиер Вен Џиабао

Американскиот претседател Барак Обама и кинескиот премиер Вен Џиабао се состнаа денеска на маргините на Азискиот самит во Бали Индонезија. Состанокот, според агенциите, не бил официјално договорен. Се претпоставува дека главна тема на разговорите била економијата, односно недоразбирањата меѓу двете земји. Обама ја завршува деветдневната азиска турнеја во текот на која главен фокус беше ставен на зајакнувањето на американското воено присуство во југоисточна Азија.