Иран: извешатјот на МААЕ историска грешка

Ирански студенти во протест против Извештајот на МААЕ

Официјален Техеран оцени дека извештајот на шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукиа Амано бил историска грешка. Според иранскиот претставник во оваа агенција Али Асгар Солтанија извештајот отстапува од курсот на соработка меѓу Иран и МААЕ. Се уште не е јасно дали Иран ќе одобри натамошна инспекција на постројките во кои во извештајот на МААЕ се вели дека Техеран развива програма за нуклеарно оружје.