Длабока загриженост од иранската нуклеарна програма

Бордот на гувернери на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија денеска во Виена ја изгласа резолуцијата во која се искажува длабока загриженост од иранската нуклеарна програма и се повикуваат иранските власти на целосно и неодложно исполнување на обврските, содржани во претходните резолуции на Советот за Безбедност на ОН. До резолуцијата доаѓа откако Агенцијата објави извештај во кој беше наведено дека Иран работи на производство на нуклеарна бомба.

Во меѓувреме, иранската новинска агенција соопшти дека иранските оружени сили планираат да одржат 4-дневна воена вежба за воздушна одбрана за да се подготват на потенцијалните закани за нивните нуклеарни капацитети.