Италија и дефинитивно доби нова влада

Марио Монти

Владата на италијанскиот премиер Марио Монти денеска доби доверба и во долниот дом на Парламентот, ден откако Монти ги презентира радикалните реформи со цел земјата да излезе од должничката криза. Вчера новата италијанска влада помина и во Сенатот, а илјадници студенти маршираа низ градовите во Италија, протестирајки против планираните мерки за штедење.