Никовски: Немаме право на нови грешки во спорот со името

Macedonia - former ambassador Risto Nikovski, Skopje, undated

Македонија пропушти премногу прилики за решавање на спорот со името и веќе немаме право на нови грешки. Ризикуваме да ги уништиме вековните стремежи и соништа на нашите претци, а такво право немаме, изјави денеска поранешниот амбасадор Ристо Никовски, на предавање организирано од Здружението на историчарите на Македонија.
Според Никовски, не забележуваме дека индикаторите и фактите недовосмислено покажуваат оти по распадот на СФРЈ во процес е сериозен обид еднаш засекогаш да се затвори македонското прашање.
- Настаните низ кои врвевме последниве дваесет години потврдуваат дека не само за Грција туку и за клучни меѓународни фактори Македонија и нејзиниот народ беа прифатливи само како дел од федерација, не како засебна целосно независна држава. Друго логичко размислување за се што ни се случува нема, вели Никовски.