Сирија се движи кон граѓанска војна

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу изјави денеска дека конфликтот во Сирија се движи кон граѓанска војна. Пред средбата во Истанбул со шефот на француската дипломатија Ален Жупе, Давутоглу истакна дека е опасен развој фактот што се повеќе сиријски војници преминуваат на страната на демонстрантите и се борат против владините сили. Жупе, пак оцени дека е време за зајакнување на санкциите против режимот на Башар Ал Асад.