Клинтон во наредниот месец ќе го посети Мјанмар

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека државната секретарка Хилари Клинтон, во наредниот месец ќе го посети Мјанмар, што ќе биде историска можност за прогрес во таа земја. Посетата Клинтон ќе биде прва посета на еден американски државен секретар на Мјанмар, поранешна Бурма, во последните 50 години.