Собранието го донесе Законот за задолжување на Македонија со заем кај Дојче Банка и Сити Банка

Со 62 гласа „за“ пратениците синоќа го донесоа Законот за задолжување на Македонија со заем кај Дојче Банка и Сити Банка.Пратениците од опозицијата по расправата одлучија да не учествуваат во гласањето затоа што сметаат дека ова се рекордни задолжувања на Македонија. Заемот од 130 милиони евра е со рок на отплата од пет години, и фиксна каматна стапка која изнесува 4,2 проценти. Гаранција за заемот е обезбедена од Светска банка.Средствата ќе бидат потрошени за буџетски потреби и за капитални инвестиции и за ликвидноста на економијата.