Застаре обвинение за претепување против Марко Милошевиќ

Марко Милошевиќ, син на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ.

Основниот суд во Пожаревац го одби обвинението против Марко Милошевиќ за претепување на припадникот на движењето „Отпор“ Небојша Соколовиќ на 2 мај 2000 година во Пожаревац, поради апсолутна застареност на кривичното гонење.

Пресудата, со која е одбиено обвинението против синот на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, судот ја донесе по сослушувањето на медицинскиот вештак, кој потврди дека на Соколовиќ му се нанесени тешки повреди, но дека од постоечката документација не може да се заклучи дека биле опасни по живот.

Соколовиќ има право да поднесе жалба до Апелациски суд.

Марко Милошевиќ, кој се наоѓа во бегство и има добиено азил од Русија, беше обвинет дека заедно со своите соработници и телохранители на 2 мај 2000 година освен Соколовиќ, ги претепале и Момчило Вељковиќ и Радојко Луковиќ, исто така членови на движењето „Отпор“.

Постапката за напад на Вељковиќ е застарена претходно, бидејќи тој се здобил со полесни телесни повреди, а Луковиќ, кој исто така бил тешко повреден, во меѓувреме загина во сообраќајна несреќа