Русија - Кризата во Сирија заличува на граѓанска војна

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Русија оценува дека кризата во Сирија почнува да заличува на граѓанска војна. Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров ја повика меѓународната заедница да ги повика сите страни во Сирија, вклучително и опозицијата, да престанат со насилството. Неговите забелешки доаѓаат еден ден откако сириски дезертери нападнаа воена база во близина на Дамаск што е најсериозен инцидент од почетокот на протестите против режимот на претседателот Башар Ал Асад пред осум месеци. Русија и Кина ја блокираа резолуцијата што западните земји сакаа да ја протуркаат во Советот за безбедност на ОН, со која се осудува режимот на Ал Асад за задушување на протестите.