Пешевски - Не можеме секој ден да ја менуваме проекцијата за растот

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Владата не може да ги менува проекциите на дневна основа, изјави вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, коментирајќи ги најновите проекции на Светска банка за растот за наредната година од 2,5 проценти, наспроти проектираниот од Владата на 4,5 проценти.

„Како што кажаа и од Светска банка тие прават промени на дневна основа бидејќи динамиката на светската криза се менува во зависност од тоа што се случува на политички план во земјите што се зафатени од кризата, а ние го немаме тој луксуз да ги менуваме проекциите на дневна основа“, изјави Пешевски.

Во предложениот буџет за наредната година, според него, има флексибилност и доколку има потреба тој ќе биде соодветно приспособен во текот на годината, но оти засега Владата останува на она што е дадено како проекција во предложениот буџет.