Во Хрватска почна предизборната кампања

Ноќеска на полноќ во Хрватска почна кампањата за парламентарните избори што ќе бидат одржани на 4 декември. Изборното агитирање ќе трае до 2 декември, кога почнува предизборниот молк.
На гласањето во декември ќе бидат избрани 151 пратеник, а за овие места во Саборот ќе се борат 313 кандидатски листи, од кои 285 партиски и 28 независни.