Арапската лига со ултиматум до Сирија

Антивладини демонстрации во Сирија

Арапската лига им даде на сириските власти рок од три дена да ја запрат репресијата врз антивладините демонстранти, или на Дамаск ќе му бидат воведени економски санкции. По состанокот во Рабат, Мароко, премиерот на Катар Хамад бен Јасем изјави дека е побарано од Сирија да дозволи посета на посматрачка мисија на Арапската лига.
Во саботата Сирија беше суспендирана од членство во Лигата. Според проценките на ОН, во таа земја од почетокот на демонстрациите во средината на март, се убиени 3 500 луѓе.