Уапсен осомничениот за пукањето врз Белата Куќа

Американската полиција вчера во Пенсилванија го уапси лицето по кое трагаше по пукањето во близина на Белата Куќа во Вашингтон. Според полициската служба задолжена за заштита на американскиот претседател, станува збор за 21-годишниот Оскар Ернандес, по кого се трагаше од петокот, кога беа пронајдени траги во едно напуштено возило недалеку од Белата Куќа, веднаш откако беа слушнати истрели во близина на резиденцијата на претседателот на САД.
Полицијата соопшти дека вчера го нашла куршумот што го погодил непробојното стакло на прозорот на Белата куќа, како и дополнителна рамка со муниција пред зградата.