Обама: САД не се откажуваат од улогата во Азија

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека буџетските кратења нема да ги нарушат плановите за поширока воена улога на САД во Азија и оти Америка ќе остане Пацифичка сила. За време на дводневниот престој во Канбера, Обама одржа говор во австралискиот парламент, користејќи го за да ја отфрли загриженоста дека зголемениот притисок во Вашингтон за кратење на буџетот ќе придонесе за послабо американско влијание во Азија.
По престојот во Австралија, Обама ќе отпатува за Бали, каде што ќе биде прв американски претседател кој ќе учествува на Самитот на Источна Азија, дипломатски блок кој годинава ги прими САД и Русија.