Затвор за поранешната портпаролка на Хашкиот трибунал

Поранашната портпаролка на Хашкиот трибунал Флоренс Хартман.

Хашкиот трибунал за воени злостроства во поранешна Југославија нареди апсење на поранашната портпаролка на Трибуналот Флоренс Хартман, поради тоа што одбила да ја плати парична казна.

Французинката беше обвинета за непочитување на судот во 2009 година со тоа што открила доверливи одлуки за време на судењето на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ. Жалбениот суд во јули ја потврди пресудата за казна од 7.000 евра.

Во денешната наредба, судот вели дека ја заменил паричната казна со седум дена затвор и побара од француските власти да ја најдат и да ја уапсат, по што треба да биде префрлена во Хаг за да ја отслужи казната.