Владата на Пападемос доби доверба од Парламентот

Новиот грчки премиер Лукас Пападемос положува свечена заклетва во Претседателската палата во Атина на 11 ноември 2011 година.

Новата грчка влада на национално единство на премиерот Лукас Пападемос доби доверба од Парламентот. Владата соопшти дека нејзин приоритет ќе биде ратификација на договорот за помош од европскиот план за спас во вредност од 130 милијарди евра што беше договорена на минатомесечниот Самит на ЕУ. Договорот предвидува драстични мерки за штедење, што предизвика големи протести во Грција. Кризата доведе до оставка на претходниот премиер Јоргос Папндреу.