Загина британски војник во Авганистан

Британски војник во Авганистан.

Еден британски војник денеска загинал во експлозија на бомба во јужен Авганистан, информира британското Министерство за одбрана. Ова е 38-ми британски војник што годинава го губи животот таму. Од почетокот на операциите во оваа земја во 2001 година досега загинале 386 британски војници. Велика Британија има распоредено околу 9.500 илјади војници во Авганистан.