Турција и Арапската лига бараат итни мерки за Сирија

Рација на сириската армија во близина на градот Таибет Ал Имам.

Турција и членките на Арапската лига повикаа на „итни мерки“ за заштита на сириските цивили од насилството што го спроведува режимот на претседателот Башар Ал Асад. Во писмената изјава, по Турско-арапскиот форум за соработка што се одржа во Рабат во Мароко, тие наведуваат дека се „против каква било странска интервенција во Сирија“.