Иран - Не бевме нападнати, туку се случи несреќа

Началникот на генералштабот на иранската армија, генерал Хасан Фироузабади.

Началникот на генералштабот на иранската армија, генерал Хасан Фироузабади ги отфрли наводите дека САД и Израел стојат зад експлозијата што викендов се случи во еден склад за муниција, при што загинаа 17 припадници на Револуционерната гарда, меѓу кои и клучниот експерт за балистика на проектили. Тој рече дека експлозијата била несреќен случај и ги отфрли наводите на западните медиуми за американска и израелска вмешаност.