Лоја Јирга под силно обезбедување во Кабул

Претседателот на Авганистан Хамид Карзаи на отворањето на Лоја Јирга 16,11.11

Традиционалното Собрание на старешините на Авганистан денеска во Кабул ќе дискутира за можното безбедносно партнерство со САД по 2014 година односно по повлекувањето на странските трупи.

Безбедноста е огромна, бидејќи талибанците се заканија дека ќе извршат напад врз таканаречената Лоја Јирга на која се собрани околу две илјади преставници на заедниците и политички лидери.